ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Џафери против барањето на ВМРО за продолжување на седницата за Уставот

Џафери против барањето на ВМРО за продолжување на седницата за Уставот

Со потписи на 20 пратеници ВМРО-ДПМНЕ тврди дека има деловничко право да побара да продолжи пленарната седница за уставните амандмани. Според партијата, во ваква ситуација претседателот на Собранието е должен седницата да ја продолжи и да се докаже дека власта нема 80 гласови за да го отвори процесот за промена на Уставот.

И од Левица велат дека Џафери не може да одлучува според своја волја кога ќе се одржи некоја седница.

Пратениците имаат право да бараат, но тоа не значи дека седницата задолжително треба да продолжи, одговори Талат Џафери. Според него, тој е единствениот кој го има тоа право.

„Прекинатата седница е во исклучива надлежност на претседателот на Собранието за тоа кога да продолжи со таа седница, исто како и со многу други седници кои чекаат да продолжат, поради некои прашања што ви се познати вам и на јавноста, што се должи на несоодветната работа на комисиите. Значи, 123-та седница ќе продолжи кога ќе има услови да продолжи“, изјави Талат Џафери, претседател на Собранието.

Седницата за уставните амандмани почна на 18 август, но беше прекината по исцрпувањето на расправата. Оттогаш, Владата е во потрага по опозициски пратеници кои би можеле да ги поддржат уставните измени додека не се достигне потребниот број од најмалку 80 гласови ЗА.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button