ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Џејмс Рубин по Подгорица доаѓа во Скопје

Специјалниот претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман на американскиот Стејт департмент, Џејмс Рубин, по посетата на Подгорица, се очекува да дојде во Скопје на разговори со македонските власти за борбата против дезинформациите.

Advertisements

Рубин вчера по средбите што ги имаше во Подгорица, изјави дека е убеден оти Црна Гора повеќе нема да се сврти кон Белград и Москва.

На брифинг со новинарите изрази и уверување дека борбата против дезинформациите ќе биде приоритет на новата влада во Црна Гора.

Рубин, како што пренесуваат црногорските медиуми, оцени дека ќе биде тешко да се постигне напредок на Западен Балкан, ако руските дезинформации доминираат на тој простор.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button