СПОРТФУДБАЛ

Џенаро Гатузо е веќе блиску до клупата на Италија

Џенаро Гатузо е веќе блиску до клупата на Италија, пренесуваат италијанските медиуми. Како што пишуваат Италијанците, Гатузо веќе почнал да го составува стручниот штаб на националниот тим. Еден од неговите помошници треба да биде и Андреа Барзаљи.

Advertisements

Поранешниот стратег на Наполи и на Милан не се прослави на клупата на сплитски Хајдук, тој неодамна и официјално си замина од „Пољуд“, a сега е пред промоција во италијанската репрезентација.

Покрај Гатузо, како кандидати за преземање на националнот тим на „аѕурите“ се спомнуваат и Стефано Пиоли и Фабио Канаваро./Ekipa.mk/

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button