ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Џолев: Секоја година имаме сѐ повеќе предмети, а сѐ помалку судии и судски службеници

Претседателот на Здружението на судии, Иван Џолев, порача дека судството не може да биде ефикасно без соодветна поддршка и ресурси. Во изјава за медиуми по отворањето на конференцијата „Зајакнување на судската независност и одговорност преку поголема ефикасност на постапките“, тој посочи дека недостигот од кадар и финансии се главни пречки за подобрување на состојбите во правосудниот систем.

Advertisements

-Ефикасноста во моментов е проблем, меѓутоа не толку голем. Ефикасноста ја генерираат некои други структури. Недостигот на судии, на судски служби, финансиската независност создаваат проблеми во смисла на кадровски решенија. Ние имаме секоја година сѐ поголем број на прилив на предмети, а сѐ помал број на судски службеници и судии. Едно со друго не оди. Ако сакаме ефикасно судство, мора да се вложува во истото, да се инвестира, да имаме капитални инвестиции, нови вработувања, да се дигитализира судството итн, истакна Џолев.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button