Џолев: За случајот Алфа ќе се чека одлуката на Врховниот суд

Претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев на средба со новинарите потврди дека случајот „Алфа“ отсега може да се искомплицира со повикување за повторување на судскиот процес. Според него, одлуката на Апелациониот суд против Алмир Дрпљанин од 20 години затвор до доживотно, го оневозможува Кривичниот совет во првостепениот суд да го оцени барањето за повторно судење без да ги исцрпи сите инстанци. Џолев во овој момент се повикува на жалбата што одбраната на Дрпљанин ќе ја поднесе во Врховниот суд против зголемувањето на казната од втор степен. Процесот на највисока инстанца не може да се предвиди, но не е исклучена можноста процесот да се одолговлекува со месеци. Џолев рече дека секое постапување на Кривичниот совет додека е жалбата во Врховен, ќе се смета како влијание врз работата на највисокиот суд.
„Досега се очекуваше Кривичниот совет да одлучува по барањето за повторно судење. Се очекуваше правосилноста, се очекуваше второстепена одлука, но сега целиот случај се комплицира бидејќи 20-годишната казна што првостепениот суд му ја изрече на еден од обвинетите, сега Апелација ја преиначи на доживотен затвор. Сега имаат право на трет степен жалба до Врховниот суд, па претпоставувам дека сега ќе се чека одлуката на Врховниот суд“, вели Иван Џолев, претседател на Кривичниот суд.
Предметот кој се однесува на барањето за повторно судење против Агим Ислами стигна до Кривичниот суд. Барањето на Ислами се заснова на супер вештачење кое докажува дека Агим Ислами и починатиот Реџаил Ќерими не одговараат на висината на телото, движењата и можната тежина на лицата што се гледаат на видео снимката кога е извршено убиството на паркингот кај природно- математичко факултет во Скопје.
Во меѓувреме, одбраната во случајот Алмир Дерпланин, осуден одделно од Агим Ислами и Реџаил Ќерими и казнет во отсуство, ја подготвува жалбата против решението на Апелација. Истото во Врховен ќе биде доставено следните две недели.
Повторното судење за случајот „Алфа“ низ годините беше ветување на секој политички субјект во изборните и владините програми, но до сега не презедоа ништо конкретно и покрај ветувањата кон осудените и нивните семејства.
Адриан Керими