СПОРТ

Џон Џонс ја одбрани титулата со нокаут на Стипе Миочиќ

Американскиот ММА борец Џон Џонс ја одбрани титулата шампион во тешка категорија во УФЦ. „Боунс“ во третата рунда со технички нокаут го победи Американецот со хрватско потекло и поранешен шампион на УФЦ, Стипе Миочиќ.

Advertisements

Тоа беше главната борба на настанот УФЦ 309, кој се одржа во њујоршкиот „Медисон Сквер Гарден“, а од првиот ред заедно го следеа Доналд Трамп, Илон Маск и Кид Рок.

По победата Џонс истакна дека е во преговори со управата на УФЦ и дека ќе продолжи да се бори и да им го дава на навивачите тоа што го сакаат. На прашањето дали најави борба со Том Аспинол, актуелниот „привремен“ шампион или можеби супер-борба со Алекс Переира, Џонс не даде одговор.

Миочиќ, пак, стави крај на монументалната кариера, во која дури четири пати го бранеше појасот на шампионот на УФЦ и се наметна како најуспешен тешкаш во историјата. Постигна рекорд од 20 победи (15 КО) и 5 порази. Во поразот од Џонс, Миочиќ носеше специјално дизајнирани шорцеви со мотиви на хрватското знаме.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button