
Во Џорџија рачното пребројување на гласовите заврши, по што е потврдено дека демократот Џо Бајден го победил сегашниот претседател Доналд Трамп во таа сојузна држава.
Државниот секретар, Бред Рафенспергер изјави дека „нема сомнеж“ дека конечниот резултат ќе биде заверен денеска, а според резултатите, Бајден има 12.284 гласови повеќе од сегашниот претседател Доналд Трамп, нешто помалку од предноста што ја имаше пред новото броење.
„Резултатите од новото пребројување на гласовите се многу близу до оние што беа пријавени за време на изборната ноќ“, изјави Рафенспергер за една локална ТВ станица, пренесува Гласот на Америка.