ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Џозеф: Црната листа на САД е порака која паметните политичари би требало да ја сфатат

Црната листа на САД опфаќа политичари и тоа е порака која паметните политичари би требало да ја сфатат, особено сега пред најавените избори, смета американскиот експерт за надворешна политика и предавач на Школата за напредни студии на Универзитетот Џон Хопкинс во Вашингтон, Едвард Џозеф.

Advertisements

Американската црна листа е многу значајна и преставува порака, и не треба да исклучува никој кој е вмешан во висока корупција, вели Џозеф во интервју за „Цивил Медија“ на прашањето дали црната листа која неодамна се надополни со уште еден претставник на бизнис заедницата, поврзан со политичките структури, го стеснува кругот и следни на неа ќе бидат поранешен или сегашни политичари.

– За некој да се најде на таа црна листа, кој не беше само политичар, туку поранешен висок функционер во Северна Македонија, вицепремиер, значи дека ова не е само бизнис круг. Ова се многу значајни поранешни функционери, нема нешто многу повисоко од поранешен вицепремиер, а и не треба да се исклучува ниту едно име. Видете, поранешниот премиер Никола Груевски беше ставен на оваа листа минатата година од страна на Соединетите Држави за „значителна корупција“. Ова беше терминот што САД го користеа. Јас едноставно цитирам од офијалното соопштение на САД. Значи, ова опфаќа политичари и ова е порака, навистина, мислам дека паметните политичари сега би требале да сфатат пред изборите кои се најавени. Значи, знаеме дека претстојат избори на пролет, истакнува Џозеф.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button