СПОРТФУДБАЛ

Џуд Белингем стана фудбалер со најголема пазарна цена на светот

Новата ѕвезда на Реал Мадрид, Џуд Белингем стана фудбалер со најголема пазарна цена на светот. Според традиционалната стурдија на Фудбалската опсерваторија ЦИЕС, цената на играчот од средниот ред од денеска е 267,5 милиони евра. Со тоа го надмина голгетерот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд кој вреди 251,2 милиони евра.

Advertisements

На третата и четвртата позиција се уште двајца играчи на Реал Мадрид – Винициус и Родриго. Во топ 5 е и фудбалерот на Арсенал, Букајо Сака.

Реал Мадрид го купи Белингем од Борусија Дортмунд за 103 милиони евра, и со бонусите трансферот би можел да изнесува 133 милиони. До сега Белингем одигра 22 меча за „кралевите“ и постигна 17 голови.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button