СПОРТФУДБАЛ

Дидие Дешамп: Имаме потреба да бидеме малку попрецизни во нападот

Селекторот на Франција, Дидие Дешамп, изрази задоволство од првата победа на својот тим на ЕВРО 2024, иако тимот не го покажа најдоброто лице против Австрија. „Петлите” победија со 1-0 благодарение на автоголот што го постигна Максимилијан Вебер во првиот дел.

„Среќен сум од резултатот, фактот дека почнуваме со победа и од тоа што го покажаа моите играчи. Сите натпревари се тешки. Се соочивме со многу силен тим кој имаше што да ни одговори. Сепак, не беше совршено сè што направивме. Бевме силни колективно, како тим. Имаме потреба да бидеме малку попрецизни во нападот. Кога започнуваш со победа, тоа значи дека стартот е добар”, изјави Дешамп.

Французите се надеваат дека капитенот Килијан Мбапе ќе биде способен да настапи на вториот меч против Холандија откако заработи скршеница на носот во финишот на дуелот против Австријците.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button