
Борбата за трофејот во Купот на Кралот влегува во завршна фаза, бидејќи првите полуфинални натпревари ќе се играат во вторник и среда, а еден од кандидатите – Барселона или Атлетико ќе мора да застане тука.
Атлетико гостува во Барселона и ќе се обиде да го направи она што го направи на 21 декември кога славеше во Примера со 1-2.
„Имаме идеја како ќе играме, но се соочуваме со фактот дека исходот е поделен на два меча од по 90 минути. Предизвикот е голем, знаеме дека ќе има моменти кога ќе ја диктираме играта, но и кога ќе страдаме, но нашиот фокус е само на натпреварот“, изјави тренерот на Мадрид, Диего Симеоне.
Симеоне потврди дека Ленглет и Аспиликуета нема да бидат во можност да настапат на овој дуел, додека проблемите со повредата на Алварез се решени и аргентинскиот ас ќе биде во составот.