ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА
Дигитализација – Aпсурдно е на МВР ние да им носиме извод од Матично, вели директорката на „Македонија 2025“

Извршната директорка на невладината организација „Македонија 2025“, реагира за недоволниот степен на дигитализација во јавните институции и администрацијата. Како што вели таа, власта треба да разбере дека дигиталниот пристап до информации веќе не е иднината, туку тоа е сегашност. И таа е важна за непречена и брза функционалност на севкупниот систем.
„Најсмешен пример е кога одите да вадите лична карта за првпат во МВР, институција којашто ги има сите податоци за населението и вие мора да однесете Извод од Матична книга на родени, нешто што кај нив мора да е во евиденцијата. Владата мора да разбере дека тоа не е иднина, туку тоа е сегашноста“, вели Мојсоска.