ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Дигитализација на судството – како ќе се оди во притвор при онлајн пресуди?

Идната година државата ќе има целосно дигитализирано судство. Ќе се дигитализираат 34 судови или вкупно сите 187 судници. Од Министерството за правда велат дека ќе се менуваат закони за судењата да може да се одвиваат он – лајн, а тоа велат дека ќе ги намали трошоците за притворените лица кои сега од затвор се спроведуваат во Суд.

„Планирано е целиот процес да заврши за една година. Се опремува судница и во затворот Идризово кој ќе овозможи судење на далечина и поевтинување на судските постапки. Во определени случаи, нема да има потребна од затворите притворените лица да се носат во суд за физичко присуство“, велат од Министерство за правда.

Експерти од САД треба да допатуваат во земјава за да проценат каква ИТ опрема треба да има во секоја од судските сали низ судовите… Но, како судот ќе може да процени релевантност на сведок во случај ако тој својот исказ пред судот го дава преку компјутер, а не со физичко присуство?

„Тоа е прашање на коешто се разговара и се дебатира, бидејќи ние веќе имаме практично компаративни искуства…“, изјаив Лазар Нанев, судија.

Засега е нејасно дали пресудите ќе бидат исто така он – лајн, бидејќи при нивно изрекување, јавните обвинители некогаш бараат ефективен притвор до правосилноста на пресудата, за обвинетите да не избегаат.

„Компаративните искуства укажуваат дека на тоа дека во сите фази на постапката може да се користат дигиталните средства или он – лајн или хибридни судења, во зависност од потребните. Но, пред сè мораме да ја напоменеме, доколку за тоа постојат навистина правни или други пречки коишто бараат примена на дигиталните средства во судскиот процес.“, рече Лазар Нанев, судија.

Со дигитализацијата на судството граѓаните ќе можат електронски да ги подигнуваат потврдите за неосудуваност. Исто така, обвинетите за прекршок во друг град, со он – лајн судењата ќе можат да се јават и од дома.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button