
Македонија заостанува во спроведувањето на реформите во земјоделскиот сектор. Дигитализацијата во овој сектор е клучна за конкурентноста на производите на пазарот. Според продеканот на Земјоделскиот факултет Ивана Јаневска, со новата студиска програма, дигитализација во земјоделството, студентите ќе научат да применуваат дигитални технологии во земјоделството.
Според Јаневска, на пазарната конкуренција во областа на земјоделството и е потребна модернизација и имплементација на новата технологија.
Целта на новата студиска програма, дигитализација во земјоделството на Факултетот за земјоделски и прехранбени науки е да се запишат студенти кои во иднина ќе можат да ја имплементираат дигиталната технологија во земјоделството, со што ќе се зголеми квалитетот на производството и конкуренцијата на пазарот./Алсат.мк
Авни Тахири