
„Едноставно може само да се каже дека да, доаѓа АДА. Првиот дигитален асистент, некогаш направен во владата на нашата држава“, рече Димитар Ковачевски, премиер (10.04.2023).
„Да го скенирам кодот и да видам дали функционира“, рече Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања (10.04.2023).
Вака поранешните владини претставници го промовираа AДA, дигиталниот асистент во јавниот сектор базиран на вештачка интелигенција. АДА имаше должност да им овозможи на граѓаните и компаниите да добијат целосни информации за условите за инвестирање во нашата земја и за државната помош предвидена за инвестиции.
Но, и покрај фактот дека за овој дигитален асистент се потрошени околу 150 илјади евра, истиот денес, не функционира.
АДА требаше да функционира и на веб-страната на Фондот за иновации и технолошки развој, како и на Дирекцијата за индустриски технолошки развојни зони. Од Фондот за иновации не информираа дека имаат технички проблем, а од Дирекцијата за индустриско технолошки развојни зони не добивме одговор.
За апликацијата, која е креирана за потребите на програмите за владина помош преку Планот за економски раст, актуелната влада нагласува дека во февруари истекол договорот со компанијата која ја изработила и ја одржувала апликацијата.
„Во согласност со ова издадено упатство, кое е направено во периодот на техничката влада, ве информираме дека сите активности се забранети до изборот на новиот носител на мандатот на владата. Во моментов се разгледуваат можностите за обновување на АДА, со цел да се обезбеди автоматизирана комуникација со заинтересираните граѓани за обезбедување на државна помош“, велат од Влада на Северна Македонија.
АДА беше промовирана како алатка за комбинирање на дигитализацијата и економскиот развој, која треба да ги информира граѓаните за државната помош, наместо тоа да го прават вработените./Алсат.мк
Суад Бајрами