Дијабетичарите повторно останаа без инсулинска терапија
Дијабетичарите повторно останаа без инсулинска терапија

Дијабетичарите во земјава се жалат – велат дека пред два месеци завршил тендерот за набавка на инсулин, а тие и натаму немаат добиено терапија. Покрај терапијата, недостасуваат и инсулински препарати, па пациентите побараа итна набавка на истите преку писмо до министерот за здравство.
„Количините на инсулинските производи се сведени на минимум и со тоа не се обезбедуваат предуслови да се задоволат потребите на постоечките пациенти. Никој од нас 40.000 илјади пациенти не е поставен на терапија ако немало медицинска потреба за истата и ниту една терапија не е препишана од доктор кој не е обучен да ја дава терапијата што ни е потребна. Итно бараме распишување на тендерот за глукометри, ленти, ланцети и сензори”, велат од Сојуз на дијабетичари.
Министерот пак вели дека не знае какво ќе биде решението за овие барања, но тврди дека е транспарентен и подготвен да разговара со пациентите.
„ Сега за сега немам одговор на тоа какво ќе биде решението, бидејќи работната група се уште е во тек, процесот се уште не е завршен, но ве уверувам дека јас сум отворен, еве и вечерва сум на емисија со нив. Секој ден, мојата врата е отворена за да може да комуницираме, да се информираме и тие да се информираат за можностите кои државата ги има, но исто така и ние да се информираме за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат„, рече Азир Алиу, министер за здравство.
За проблемот со недостатокот на терапија, во писмото на пациентите се вели и дека доколку министерот не најде решение, сојузот на здруженијата на дијабетичари ќе организира протест пред Влада./Алсат.мк
Михаило Донев