РЕГИОН
Дијалогот Белград – Приштина продолжува и покрај изборите на Косово

Работата на дијалогот меѓу Белград и Приштина продолжува, изјави за Танјуг портпаролот на ЕУ, Питер Стано.
На прашањето на Танјуг, како најавеното одржување на предвремени парламентарни избори во Косово, закажано за првата половина на 2021 година, ќе влијае на процесот на преговори меѓу Белград и Приштина, тој истакна дека работата на дијалогот продолжува.
Истовремено Стано ги повика властите во Белград и Приштина да работат тесно и да го почитуваат договорот кога станува збор за дистрибуција на вакцините против ковид 19.
„Властите во Србија и Косово мора тесно да соработуваат во согласност со релевантните договори од дијалогот Белград-Приштина за движење на стоки и сертификација на фармацевтски производи“, рече Стано.