ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Дијаспората ќе се попишува исто како и сите граѓани што живеат на територијата на Македонија

Десетици поплаки и загриженост изразија иселениците во Алсат по изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски дека дијаспората ќе биде само евидентирана, а не попишана.  Иселениците бараат објаснувања од институциите што ќе се случи со пописот и како тие ќе бидат вклучени во пописниот лист, што ќе се случи со нивниот имот за кој поседуваат имотен лист и други проблеми

“Вознемирувачки е, бидејќи тоа им пречи на луѓето  Имаме свои имоти таму, припаѓаме на тоа место, таму го имаме нашето семејство. Треба да внимаваат на изјавите што ги даваат во медиумите„, изјави Перпарим Сабриу, иселеник.

Државниот завод за статистика ја смирува дијаспората.  Заменик директорот, Илми Селами вели дека законот е јасен, дека ќе се попишува и населението и дијаспората. Ставовите на Мицкoвски ги нарече политички.

“Граѓаните нека останат смирени. Законот вели дека и дијаспората и населението внатре,  се попишуваат и секогаш ќе бидат сметани како такви со закон. Резултатите ќе се појават како попишувани, а не како евидентирани. Мицковски може да прави евиденција на членовите на неговата партија, да направи евиденција на различни луѓе и различни работи. Но, она што има врска со пописот е дека двете овие категории се попишуваат„ рече Илми Селами, Државен завод за статистика.

Во поддршка на Заводот за статистика излезе и премиерот Зоран Заев, кој изјави дека дијаспората се попишува.

И Законот за попис за 2021 година и методологијата јасно објаснуваат дека е нерезидентното население се попишува. Дури во Законот за попис зборот евиденција воопшто не се спомнува никаде. Во членот 6 од законот за попис јасно стои: Со пописот се опфаќа:

 Визарт- Член 6 (Закон за попис)

  1. Лица – државјани на Република Северна Македонија кои имаат престој или живеалиште во Република Северна Македонија, без оглед дали за време на пописот се наоѓаат во Република Северна Македонија или во странство,

– странски државјани кои живеат во Република Северна Македонија со дозвола за престој и

– лица без државјанство кои за време на спроведувањето на Пописот се биле во Република Северна Македонија.

  1. Домаќинства на лицата од став 1 на овој член;
  2. Станови и други населени простори.

Во точката 5 од Методологијата за попис, јасно се потенцираат три категории кои се вклучени во пописот во 2021 година.

-Вкупното резидентно население.

-Вкупното нерезидентно население.

-Вкупното попишувано население, кое ќе биде категорија што ќе ги вклучува на едно место сите попишувани граѓани, без оглед дали се резиденти или дијаспора.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button