Дијаспората „нагрна“ во Македонија по нови документи
Дијаспората „нагрна“ во Македонија по нови документи

Викендов има зголемен прилив на наши државјани кои живеат во странство кои се дојдени да извадат патни исправи со новото име на државата. Но, денеска властите не работеа со полн капацитет. Во полициската станица Пролет шалтерот воопшто не работеше, па граѓаните залудно беа дојдени.
„Треба да има ред, треба да има други простории во општините, а не само во град. Во секое населено место треба да има шалтери за документи. Треба да одиме од понеделник, па натаму. Дојдовме да видиме дали има пасоши, ако не, мора да се организираме да извадиме. Ако нема, мораме да патуваме во Швајцарија“, рече еден граѓанин.
Исто како и ова семејство кое мора да се врати во Швајцарија, други дошле специјално деновиве само за да ги средат документи. Но, изненадени се од хаосот што го гледаат. Велат дека во Австрија каде што живеат, за едн ваква сложена операција сите би се спремале со години. Велат дека биле принудени да не одат на работа за децата да ги сменат пасошите.
„Да, се разбира, дојдовме само за овие документи, само за пасош денеска. Дојдовме од Австрија, морав да земам една недела одмор за да дојдам и да ги променам документите за мене и мојата сопруга. Ако можам да завршам работа. Морам да се вратам пред 12 февруари таму и ќе морам да си ги средам пасошите преку амбасадата таму“, додаде друг граѓанин.
Друг проблем е што и многу граѓаните кои живеат во земјава се растрчале кога рокот почна да се приближува.
Од МВР велат дека досега се издадени над 1.200.000 пасоши. Од 12 февруари патните документи со старото име, како што се пасошот, личната карта и возачката дозвола, нема да важат во странство. Тие апелираа до граѓаните од дијаспората преку амбасадите и конзуларните претставништва во соодветните земји да земат документ за патување ако сакаат да се вратат во С Македонија по 12 февруари. Но, властите не планирале целата дијаспора да дојде на одмор одеднаш. Очекувале пикот на биде на лето./Алсат.мк
Аднан Ќаили