СПОРТФУДБАЛ

Дијаз сака да игра за Мароко, “кралевите“ не сакаат да слушнат

Брахим Дијаз (24) оваа сезона се врати во Реал Мадрид по тригодишна позајмица во Милан. Од неговото враќање во клубот, тој има акумулирано 117 минути во осум настапи за Реал, успеа да постигне еден гол. Дијаз го привлече вниманието врз себе по најавите дека сака да го смени спортското државјанство. Тој сакал да игра за Мароко, а во Реал не се воодушевени од оваа идеја.

Advertisements

Реал не сака да го пушти Дијаз да игра за Мароко бидејќи тогаш би играл на Африканскиот куп на нации во јануари. Мароканците се уште преговараат со Дијаз, а тој наскоро треба да донесе одлука. Шпанските медиуми пишуваат дека Реал Мадрид колку и да не се согласува со ова, не може да влијае доколку фудбалерот донесе одлука.

Дијаз беше член на Малага, Манчестер сити и Милан, а според „Трансфермаркт“ вреди 20 милиони евра. Во помладите категории играше за Шпанија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button