ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ДИК ги објави првите официјални резултати

Градот Скопје првпат по осамостојувањето на државата ќе го води жена градоначалник. Независниот кандидат Данела Арсовска, поддржана од опозицијата, доби 28.000 гласови повеќе од актуелниот градоначалник од СДСМ, Петре Шилегов.

Advertisements

Државната изборна комисија ги потврди првите официјални резултати кои ќе бидат заверени по истекот на рокот за жалби и тужби.

Опозицијата го доби и Гостивар, за втор мандат на Арбен Таравари од редовите на Алијанса за Албанците со 5.700 гласа пред противкандидатот Незват Бејта од ДУИ.

Лидерот на Беса Билал Касами во следните четири години ќе ја води општина Тетово. Тој доби над пет илјади гласови повеќе од Теута Арифи.

Во Куманово уште четири години ќе владее Максим Димитриевски, а во Струга Рамиз Мерко.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button