ДИК ги отфрла наодите од Ревизорот

Наодите во ревизорскиот извештај за работата на Државната изборна комисија не се точни тврди потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху. Таа како член на претходниот состав на ДИК за кого и се однесува ревизијата, негира дека имало не законски исплати.
„ДИК никогаш не вршела исплата без соодветна доставена документација, значи за ниту еден денар а не такви износи кои беа прикажани вчера и ги читавме во медиумите“, рече Дитмире Шеху, потпретседател на ДИК.
Шеху негира и дека биле исплатени два милиони евра како хонорари за членовите на избирачките одбори за време на предвремените локални и претседателски избори во 2019 – та година.
„Што се однесува до втората забелешка дека ДИК без зачувани податоци на веб апликацијата електронски или во хартиена форма им исплатила 133 милиони денари не е точно. Испалатата на општинските изборните комисии ги извршила врз база на одлуки кои ги имаме тука“, додава Шеху.
ДИК негира дека немало ниту незаконска исплата на хонорари на лица во помошните тела во висина од 2,5 милиони денари. Претседателот на ДИК, Александар Даштевски, кој не беше дел од претходниот состав, посочи дека постои можност ревизорите да немале увид во сите документи па затоа извештајот бил таков. Даштевски побара мислење и од раководителот на внатрешната ревизија во ДИК.
„Ќе бидеме во тек во врска со извештајот. Колегите од државниот завод за ревизија и можеби се што е испуштено од нивна страна или од наша страна што не е видено, ќе им ги доставиме и ќе ги исполниме нивните препораки“, рече раководителот за внатрешна ревизија во ДИК.
ДИК најави дека ќе ги достави документите кои наводно ги испуштиле ревизорите, за да им покажат дека немало не законие во нивната работа. Но ако се погледне ревизорскиот извештај може да се види дека ДИК имал забелешки на документот, но ниедна забелешка не им е прифатена. Ревизорите освен неправилности во исплатата на хонорари, нотираше и пропусти при јавните набавки со објаснување дека најголем дел од нив се склучени со преговарање во четири очи.
Ревизијата токму поради ваквиот начин на делување предупредува дека може да има финансики импликации врз идното работење на ДИК. Обвинителствоито на петти ноември лани отвори истрага за четири члена на ДИК за начинот на избор на фирма која го доби тендерот за набавка на софтвер за пребројување гласови на ланските предвремени локални избори.
Бојан Стојановски