ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ДИК си ја поништи одлуката што само ден претходно самите си ја изгласаа

Еден ден откако го промени Упатството и одлучи да ги смета за важечки и ливчињата без печат, ДИК ја укина одлуката. Гласачките ливчиња без печат на избирачкиот совет нема да се сметаат за валидни. Членовите на советите кои нема да ја почитуваат оваа одредба и ќе издаваат ливчиња без печат, ќе се соочат со тужби, нагласи првиот човек на ДИК, Александар Даштевски.

Одлуката за промена на упатството за важечки и неважечки ливчиња ДИК ја донесе откако Управниот суд констатира дека е неправедно поради пропусти на избирачките одбори и немање печат, одредени гласови да се сметаат за неважечки.

ДИК ден претходно ги промени правилата на „игра“ без присуство на членот Кренар Љога, кој подоцна писмено ги извести колегите дека доколку не ја преиспитаат одлуката, ќе поднесе жалба до Управниот суд. На гласачкото место 2957/1 во Шуто Оризари ќе се прегласува за совет на општина и Град Скопје токму поради неправилности со неважечките гласови.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button