ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ДИК: Во моментов Арсовска во благо водство пред Шилегов

Според моменталната состојба на обработени гласови, 17,35%, во однос на изборот на градоначалник на Скопје, во водство е Данела Арсовска, од Група избирачи со освоени 15.379 гласови, односно 38,9% од гласовите, а веднаш зад неа, со 13.705 гласови, односно 34,66% е кандидатот на владејачката СДСМ, Петре Шилегов. На трето место во моментов е Перо Георгиевски од партијата Левица со освоени 3.385 гласови, односно5,56%. Бројките штотуку ги објави Државната изборна комисија (ДИК).

Како што кажа претседателот на ДИК, Александар Даштевски, на вечерашната прес конференција, податоците од избирачките одбори постојано пристигнуваат и се внесуваат во он-лајн апликацијата на страницата на Изборната комисија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button