СПОРТФУДБАЛ

Димарко: Не треба да грешиме, против Украина ќе биде уште потешко

Италијанскиот репрезентативец Федерико Димарко најдобро го образложи синоќешното реми на моќната Италија со Македонија во Скопје.

Advertisements

Актуeлниот европски првак повторно се „лизна“ против храбрите македонски фудбалери, а членот на Интер вели дека по водечкиот гол престанале да играат и во вакви натпревари тоа е грешна опција.

„По водечкиот гол престанавме да играме, а во вакви натпревари тоа е грешна опција. На македонскиот тим му требаше еден слободен удар. Ако играме како во првиот дел и ја контролираме топката и играта, на добар пат сме. Не треба да грешиме како во вториот дел, против Украина ќе биде уште потешко. Сепак, ние сме Италија и верувам дека на „Сан Сиро“ ќе ја добиеме и потребната поддршка за да се радуваме“, рече Димарко.

Македонија пред нешто повеќе од една година ѝ го зададе можеби најголемиот удар на „аѕурите“ во историјата, бидејќи со победата во Палермо ги оставија без борба за пласман на Светското првенство во Катар

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button