ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА
Димитриевска Кочоска: Зоран Ставрески е дел од советодавниот тим на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

Екс-министерот за финансии од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Ставрески, кој го предводеше ресорот во периодот од 2009 – 2016 година, денес е дел од тимот којшто работи со градоначалниците од редовите на оваа партија, вели потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриевска Кочоска, во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат. Како што рече таа, во партијата има место за сите оние коишто имаат добри идеи за државата.
„Ставревски е дел од оној Совет или тим, којшто работи активно со градоначалниците после локалните избори. Тој е присутен многу долг временски период. ВМРО-ДПМНЕ е отворена партија којашто ги прифаќа сите оние луѓе коишто имаат добри намери и добри идеи за државата“, рече Кочоска.