ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Димитриевски најави прослава во Куманово

Независниот кандидат за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, најави прослава во центарот на градот во 22 часот, јави ТВ Телма. Од неговиот штаб брифираат дека се сигурни во победата бидејќи имаат само уште околу 8 000 гласа за пребројување од нешто повеќе од 90 000 избирачи во општината. Од таборот на Димитриевски велат и дека води и нивната листа на советници. Сепак, сѐ уште е неизвесно дали ќе има и втор круг во Куманово, велат од штабот на Димитриевски.

Максим Димитриевски е актуелен градоначалник на Куманово и на таа позиција беше избран пред четири години, како кандидат на СДСМ. Сепак, на овие избори, владејачката партија реши да не го кандидира Димитриевски, туку Оливер Илиевски. Димитриевски се спротивстави на одлуката на партијата и најави независна кандидатура. СДСМ, согласно Статутот, а потоа го исклучи од партијата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button