МАКЕДОНИЈА
Димитриевски: Во првиот круг Давид го победи Голијат, бараме поддршка од сите кумановци

Во првиот круг во Куманово Давид го победи Голијат, рече актуелниот градоначалник на Куманово и независен кандидат за нов мандат, Максим Димитриевски. Како што додаде тој во неговото гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, поддршка и во вториот круг бараат од сите кумановци.
„Сами со граѓаните се боревме против сите политички субјекти. На една страна – АД СДСМ и ДУИ, на друга ВМРО-ДПМНЕ со неговите коалициони партнери, на трета АА/А. Заедно со граѓаните извојувавме една голема победа во првиот круг. Во вториот круг ја бараме поддршката од сите граѓани, бидејќи на нас, граѓаните ни се партнер“, рече Димитриевски.