ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Димитров: Идејата на договорот беше историјата да се остави на историчарите

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров денеска на својот Фејсбук профил напиша историјата да се остави на историчарите, а политичарите да се занимаваат со сегашноста и со иднината.

-Идејата на договорот беше историјата да им се остави на историчарите, за ние да се занимаваме со сегашноста и со иднината. Да ги решаваме билатералните прашања билатерално, без тие да бидат пречка на патот кон ЕУ, напиша Димитров.

Натаму наведува дека македонскиот јазик и идентитет не можат да бидат пречка за интеграција со Унијата.

-Македонскиот јазик и самоопределување, државотворноста и идентитетот ниту можат да бидат пречка за интеграција со Унија, која почитува културни и јазични различности како темелна вредност, ниту можат да бидат пречка за вистинско пријателство, бидејќи тоа секогаш се базира на взаемна почит. Ова е мој принципиелен став, ова е битка не само за македонската суштина, туку и за сржта на европските вредности, од кои нема отстапување, подвлекува Димитров.
Додава дека „ова е бесмртниот ’вирус’ на идеали против кој залудно се бара ’вакцина’“.
Дел од бугарски медиуми пред неколку дена наведоа дека вицепремиерот Димитров на некој начин е одговорен за „антибугарска пропаганда“ во С. Македонија и оти е „поопасен од коронавирусот“.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button