Работодавачи: потенцијални опасности од зголемување на минималната плата

Неконтролирано зголемување на минималната плата би можело да предизвика неколку непосакувани последици кај претпријатијата, вели во вечерашното гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, Ангел Димитров, од Организацијата на работодавачи. Запрашан дали би можело да се очекуваат некакви реперкусии во случај да се усвои предлогот за висина на минималната плата во износ од 18 000 денари Димитров вели:
„Прва опасност ако минималната плата се доближува до просечната плата е дека ќе се прави ‘урамниловка’, голем број од работниците ќе бидат со иста плата. И оние што се попродуктивни и оние понепродуктивните ќе ги сведете на иста плата. Вториот проблем е што компаниите, согласно Општиот колективен договор, немаат можност да ги зголемат платите на повисоките работни места. Ја губите мотивираноста на добрите работници. И не само што ќе влијае на урамниловката, туку ќе влијае и на бројот на работни места“, вели Димитров.