МАКЕДОНИЈА

Димитров: Македонскиот јазик е наша внатрешна работа, не на Бугарија

Прашањето на македонскиот јазик е прашање за македонскиот народ, вели во своето вечерашно гостување во „Емисија 200“ на Алсат, вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров. Запрашан дали е возможно решение со Бугарија за некои од чувствителните прашања Димитров вели:

Advertisements

„Прашањето на македонскиот јазик е прашање за македонскиот народ. Како што ние не одиме наоколу и не велиме – вашиот јазик не е ваш јазик…, нашиот јазик е наша работа. По тоа прашање имаме целосно разбирање од сите земји членки, од претседателката на ЕК, од претседателот на Европскиот Совет и тоа прашање го затворивме во ООН, каде јазикот ни е македонски. Подготвени сме да најдеме разбирачка за сите грижи на Бугарија, но ова не е нивна грижа, ова е наша работа, а во Договорот се вели дека нема да си се мешаме во внатрешните работи“, рече Димитров.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button