МАКЕДОНИЈА

Димитров: Недостигот од работници ја покачува просечната плата

Од Организацијата на работодавачи очекуваат тенденција на раст на просечните плати во државата и без обврската за покачувањето на минималната плата. Како што образложува Ангел Димитров, од Организацијата на работодавачи, една од причините е недостигот од работници.

Advertisements

„Работодавачите во овој момент се судруваат со недостиг на работници и се свесни дека само со зголемување на платите можат да ги задржат работниците. Така што и без да се покачеше минималната плата верувам дека просечните плати во Македонија ќе растеа“, рече Димитров.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button