ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Димитров: Предлози од ЕУ, наместо решение, ја искомплицираа ситуацијата со Бугарија

Вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров во интервју за Радио Слободна Европа посочи дека имало паралелни предлози од ЕУ кои наместо да донесат решение, ја искомплицирале ситуацијата со Бугарија. Предлозите за евентуален компромис на бугарската и македонската страна дошле надвор од германското и португалското претседателство.

Advertisements

Во врска со најавениот план 5+1 на самитот Брдо кај Крањ, вицепремиерот потенцираше дека биле битни две точки меѓу кои онаа, дали техничаката влада во Бугарија може да даде дозвола за да се усвои преговарачката рамка за одржување на прва меѓу-владина конференција на Македонија и Европската Комисија.

„Во Договорот одредбата за немешање во внатрешните работи е реципрочна. И во тоа смисла нашата обврска да не се мешаме во бугарските внатрешни работи постои, но постои и обврска за Бугарија да не се меша во внатрешните македонски прашања. Тука можеби прво прашање е правото на самоопределување и самоизјаснување и тука е тој судир на позициите со договорот и правната рамка на некој начин што ја прави договорот“, рече Димитров.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button