Димитров: Разговорите со Софија треба да продолжат, но не и за македонскиот јазик и идентитет

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров вели дека Скопје ќе ги продолжи разговорите со Софија, но не и за идентитетот и јазикот. Во интервју за германскиот дневен весник „Дер Стандард“, Димитров повтори дека ова прашање мора да се реши на мултиперспективен начин, најавувајќи дека државава ќе се фокусира на реформите.
„Ние ќе продолжиме да разговараме со Софија, но нема да преговараме за тоа кои сме и на кој јазик зборуваме. Тоа е дел од историски процес, а не од политичка одлука. Ние му должиме на нашиот народ заштита на своето достоинство и идентитет. Но, ако Софија не се повлече, ќе мора да најдеме нови начини како да ја европеизираме нашата земја“, вели Никола Димитров, вицепремиер за европски прашања.
Во меѓувреме, од Здружението на преведувачи остро се спротивставија на негирањето на македонскиот јазик од страна на Бугарија и апелираа до бугарската научна заедница да се придржува до објективната научна реалност и класификација на словенските јазици.
Против ветото реагираше и претседателката на Комитетот за стабилизација и асоцијација при Европскиот Парламент, Тања Фајон, кој рече дека Парламентот е разочаран од Софија. Според неа, државите-членки не смее повторно да ја предадат Македонија, па затоа се должни да помогнат да се најде решение во духот на дијалогот и да се врати довербата во процесот на проширување.
За да се отвори патот кон ЕУ, Софија го условува Скопје да се придржува до текстот за јазикот во согласност со Договорот од 2017 година, да има упатства со прецизни рокови за спроведување на договорот и јасен текст дека нема македонско малцинство во Бугарија.
Анеса Салиу