ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Димитров за РСЕ: Амбиент на уцена врз Комисијата за историја

Политичарите не можат да им наредат на историчарите што да прават и што да не прават. Нашата задача е позитивен амбиент. Проблемот во работата на оваа Комисија е пред сѐ идејата дека нивната работа треба да биде услов за нашиот напредок кон Европската унија, вели во интервју за Радио Слободна Европа, вицепремиерот за евроинтеграции, Никола Димитров.
„Кога ќе се стави тој притисок и таа уцена, не само што не се прави позитивен амбиент, туку се прави негативен амбиент и затоа мислам дека без разлика на желбите, големиот проблем во сегашната констелација на односи, позиции и политика по ова прашање е токму во тоа. Се сака резултати од таа Комисија за историски и образовни прашања, меѓутоа се направи амбиент на уцена“, вели Димитров.