Димитрова: Дури и да се состави владата до 14 декември, неизвесно е дали првата задача ќе ѝ биде спорот со С Македонија

Преговорите за состав на новата бугарска влада се во почетна фаза, а дури од следната недела се очекува тие посуштински да продолжат зад затворени врати, вели во своето вечерашно вклучување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, новинарката од Бугарското национално радио, Тоња Димитрова.
Како што додава таа, неизвесно е дали прашањето за спорот ќе биде првата тема со којашто ќе се зафатат новата влада и парламентот имајќи предвид дека државата сѐ уште го нема донесено буџетот за следната година.
„Единствено што кажуваат од партиите „Промените продолжуваат“ и од „Има таков народ“ е дека до бугарскиот Божиќ, на 25 декември, би требало да имаме влада. Дури и да успееме до 14 и 15 декември Бугарија да има влада, дали прашањето со кое што ќе почнат да се занимаваат новите власти ќе биде Северна Македонија“, вели Димитрова, додавајќи дека предизвик за новите власти ќе биде усвојувањето на буџетот за следната година.