Димитровски: План за намалување на превработеноста во општините и јавните претпријатија

Градоначалници ги претворија општините во места за вработување на партиски активисти, вели во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, заменик министерот за локална самоуправа, Зоран Димитровски. Како што вели тој, во обид да се регулира бројот на вработени во општините, односно тој да се доведе во корелација со бројот на жители на општината, министерството за локална самоуправа има изготвено план за законски измени.
„Имаме план во Законот за локална самоуправа да се променат некои членови, во контекст на регулирање на бројот на вработени во општините, да се доведе во зависност од бројот…да речеме на 500 граѓани еден вработен или на 1000 граѓани еден вработен. Во некои општини тие броеви се сега надминати многу. Од друга страна, важно е намалување на бројот на вработени и во јавните претпријатија“, вели Димитровски.