ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА
Димовска: Населението ни старее

Анета Димовска од Стопанската комора на Македонија, во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, коментирајќи ги резултатите од пописот се осврна на старосната граница на населението, нагласувајќи дека населението во државава, споредено со минатиот попис бележи евидентно стареење.
„Минатиот попис, доминантна старосна група беше од 15 до 19 години. Овој попис ни покажува дека доминантна старосна група е од 40 до 44 години. Населението ни старее. Од една страна тоа значи зголемени трошоци во иднина, а од друга, тоа што немаме младо население значи дека во перспектива ќе нема кој да го издржува, условно речено, ова старо население“, вели Димовска.