Димовски на затворена седница реферира за Онишченко

Владата на затворен состанок разговара за државјанството на прорусинот Онишенко. Првиот човек на АНБ, Виктор Димовски на состанокот известува за процесно-правните пропусти при доделувањето на државјанството. Бидејќи седницата е од затворен карактер, не се знае ниту времето и форматот на средбата.
На седницата, Димовски треба да реферира кои од вработените во АНБ му овозможиле на Онишченко да добие државјанство, додека е на американската црна листа и се барал со потерница од Украина поради злоупотреба на европските фондови. Ова е можеби последно известување на Димовски до извршната власт, бидејќи како што изјави премиерот ден претходно, АНБ на крајот на декември ќе има нов директор.
Ден претходно суспендирани се двајца вработени од АНБ, за кои неофицијално се тврди дека се директно вмешани со државјанството на украинецот Онишченко. Исто така, на социјалните мрежи се појави документ во кој се нагласува дека за лицето Олександар Онишченко, во Секторот за справување со тероризам и насилен екстремизам не е евидентиран антиуставен и криминален материјал. Од Државната безбедност не ја коментираа автентичноста на документот.
Онишченко, кој доби државјанство благодарение на одлуката на Владата во мај годинава, е на американската црна листа за влијание врз изборниот процес, додека од МВР во Украина се бара за апсење поради сомнение за злоупотреба на 100 милиони евра, фондови на Европската Унија.
Адријан Керими