ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Димовски: Нема време за чекање, цените не нѐ чекаат нас

Иако се согласивме на скалесто зголемување на платите во рок од шест месеци, случувањата во домашната и во глобалната економија не ни оставаат простор за чекање, вели во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Аласт, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Дарко Димовски.

Advertisements

„…во Членот 8 пишува дека тоа треба да се случи во рок од 6 месеци. Да, така е. Ние се согласивме и тоа мора да го признам, но ова што ни се случува денеска, со економската, ковид, енергетската и воената криза, кажува дека немаме време за чекање бидејќи цените по продавниците и зголемената електрична енергија не нѐ чека и нема кој да ни ги плати сметките освен нашите плати“, вели Димовски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button