ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Димовски потврди пропуст во АНБ за државјанството на Онишенко

Димовски потврди пропуст во АНБ за државјанството на Онишенко

Виктор Димовски потврди дека Агенцијата за национална безбедност, со која тој раководи, направила пропусти при давањето државјанство на прорускиот украински државјанин Олександар Онишенко. Димовски изјави дека пропустот го направил еден од раководителите на секторите кои ги проверуваат барателите за државјанство, но не наведе детали за кого станува збор. Алсат дознава дека се работи за раководителот на Секторот за меѓународна соработка во оваа агенција.

Advertisements

Димовски рече дека нема да бега од одговорност за пропустите во АНБ. Претседателот на собраниската Комисија Љупчо Пренчов по денешното сведочење на Димовски рече дека ќе бараат  одговорност од челнциците на АНБ.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вчера во обид да ја ублажи ситуацијата со давањето државјанство изјави дека тоа што Онишенко е на американската црна листа не претставува пречка за институциите во државата.

Директорот на Националната агенција за безбедност беше предложен за амбасадор во Франција, но изјави дека нема да патува. По скандалот со државјанството на Украинецот Онишченко, под знак прашање е и неговото останување на позицијата директор на АНБ.

Поради техничка грешка на седницата на комисијата, која се одржа зад затворени врати, на каналот Јутјуб во аудио формат се слушна сведочењето на првиот човек на АНБ, Виктор Димовски, и токму затоа седницата  беше прекината и ќе продолжи во текот на наредната недела.

Онишенко поднел барање за државјанство во 2021 година, додека статусот државјанин го добил благодарение на одлука на Владата во мај 2022 година. Контроверзниот бизнисмен Онишенко е личност непожелна од САД поради вклученост во руската мрежа на влијание на претседателските избори. Тој побегна од Украина поради сомневања за перење пари во износ повеќе од 100 милиони евра./Alsat.mk

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button