ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Димовски повикан да даде отчет за пасошот на Онишченко

Димовски повикан да даде отчет за пасошот на Онишченко

Премиерот Димитар Ковачевски, се оградува себеси и Владата од одлуката врз основа на која контроверзниот украински екс пратеник Олександер Онишченко добил македонско државјанство. Ковачевски вели дека одлуката на Владата се заснова на позитивните мислења на надлежните институции, пред се на мислењето на АНБ и неговиот директор, Виктор Димовски.

Бидејќи и Димовски е именуван за амбасадор во Париз, а и натаму е прв човек на АНБ, премиерот го повика првиот човек на Комисијата за надворешна политика во Собранието, Антонио Милошоски, да го повика Димовски да реферира во својство на номиниран амбасадор . Димовски е во среда поканет да се обрати пред Комисијата за надзор над работата на АНБ и Агенцијата за разузнавање.

Онишченко е прогласен за непожелна личност во САД, поради влијание на претседателските избори, и вклученост во руската мрежа. Тој пребегал од Украина поради сомневања за перење пари, но успеа да ги помине филтрите на АНБ и да добие позитивна оценка како личност со чиста биографија .Онишченко поднел барање за државјанство во 2021 година, а државјанство добил благодарение на одлука на Владата во мај 2022 година./Alsat.mk

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button