ВЕСТИ
Димовски: Социјален бунт за остварување на работничките права

Првиот синдикалец, Дарко Димовски во вечерашното издание на емисијата „Економски Магазин“ на Алсат нагласи дека работниците и работодавачите се незадоволни од владините мерки додавајќи дека единствено што преостанува е социјален бунт.
„Алармантна е ситуацијата. Работодавачите незадоволни, работниците незадоволни и не ни останува ништо освен да го поведеме работникот на улица и да се избориме за нашите права утврдени во законот, со еден социјален бунт. Ги повикувам и работодавачите, бидејќи и нив не ги видов во мерките“, рече Димовски.