СПОРТФУДБАЛ

Динамо Загреб: Сандро Перковиќ како привремено решение

Хрватскиот шампион Динамо Загреб се раздели со тренерот Сергеј Јакировиќ по дебаклот против Баерн Минхен во Лигата на Шампионите. “Модрите” на дуелот против Славен Белупо во домашниот шампионат ќе бидат предводени од Сандро Перковиќ како привремено решение, додека не најдат подолготрајна опција на „Максимир“.

Advertisements

Перковиќ во својата играчка кариера беше играч од средниот ред на Металац Сисак, австриските клубови Гроспетерсдорф, Илцер и Нестелбах и Шегеста, а тренерската кариера ја почна во 2013 година.

Беше асистент во Пафос, младинскиот тим на Динамо, а исто така како главен тренер работеше во кипарски Акритас Клоракас и Рига. Неговиот сегашен мандат како помошник во Динамо трае од февруари минатата година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button