Дипломатите „за“ укинување на едногласноста во ЕУ
Дипломатите „за“ укинување на едногласноста во ЕУ

Советот на амбасадори во земјава ја поддржува идејата на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Џозеф Борел за укинување на едногласноста во одлуките на ЕУ.
Според првиот човек на Советот, поранешниот амбасадор, Мухамет Халили, ова е и во најдобар интерес на ЕУ.
„Самата ЕУ сега е убедена дека таквиот начин на одлучување со општ консензус е штетен за самата Европска унија, не само по прашањата за проширувањето, туку и за други прашања, донесувањето на буџетот, прашањето за санкциите против Русија кое траеше повеќе од еден месец. Тоа е неопходност за времето и итноста со цел ЕУ слободно да функционира“, рече Мухамет Халили, Совет на амбасадори.
Неколку дена по самитот на ЕУ во Брисел, Советот на амбасадори во земјава смета дека францускиот предлог дава надежна основа за добивање датум за почеток на преговори со ЕУ со одредени забелешки: Билатералниот протокол, кој не е потпишан од претставниците на Мешовитата комисија, не треба да остане во заклучоците на Европскиот совет, историските прашања да не бидат составен дел на преговарачката рамка и да не се преговара за јазикот.
Советот смета дека предлогот на Софија да се условува отворањето на Уставот со вклучување на Бугарите пред почетокот на преговорите е ирационален и нереален и оти ова прашање треба да се реши на крајот од преговорите или во некој поволен момент.
„Во преговарачката рамка не треба да се ставаат ултиматуми за вклучување на Бугарите во Уставот на земјата бидејќи тоа во последно време е многу отежнато дури и со барањето на опозицијата да не се разговара за такви работи и да се гласа против и второ, тоа е процес кој бара општ консензус бидејќи 2/3 од гласовите се во прашање“, додаде Мухамет Халили, Совет на амбасадори.
Советот на амбасадори смета дека ЕУ треба да ѝ гарантира на Македонија дека нема да прифаќа евентуално други нови предлози на бугарската страна./Alsat.mk
Фатлуме Дервиши