МАКЕДОНИЈА

Дипломатски синдинат: Платите на дипломатите се деградирачки

Македонскиот дипломатски синдикат од министерот за надворешни работи Бујар Османи побара повисоки плати за 78%, бидејќи, според Синдикатот, актулените примања се деградирачки и состојбата е неодржлива. „Фрапантно е што на првиот човек во дипломатијата не му е важно со колкави примања живеат професионалните дипломати. Синдикатот во повеќе наврати алармираше на фактот дека просечната плата во МНР е под просекот во државата, а воедно е најниска споредена со дипломатите во регионот“, информираат од дипломатскиот синдикат. Оттаму додаваат дека примањата на дипломатите се под секое ниво на достоинство за оваа фела. „Итно бараме во иста пропорција со платите на функционерите, да бидат зголемени и примањата на дипломатите, особено што товарот на секојдневната работа е на тие со примања под државниот просек“, реагираа од синдикатот барајќи по нивните барања итно да се постапи.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button