
Директорката на Клиниката за гинекологија во Скопје, Викторија Јовановска изјави дека бебето кое на 30 декември се здобило со повреда на левата рака при породувањето со царски рез е во добра состојба и оти се работи за полесна скршеница. Таа веќе се сретнала со семејството на бебето за детално да ја разјасни ситуацијата. Најави дека во рамките на клиниката е формирана комисија која го разгледа историјатот и првично оценила дека нема лекарска грешка. Во меѓувреме се очекува и комисијата на Министерството за здравство да го испита случајот.
Во меѓувреме, родителите на бебето продолжуваат да бараат одговори од Гинекологија. Таткото за Телма изјави дека клиниката се обидувала да го сокрие случајот и оти тој и мајката не биле информирани што се случило при породувањето. Според таткото, раката на бебето е веќе во гипс, но тоа било направено предоцна бидејќи тоа се родило на 30 декември. Од Гинеколошката клиника соопштија и дека мајката и бебето се очекува да бидат пуштени дома утре.
Мелихате Рустеми