ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Директорот на ФЗОМ од редовите на ДУИ си поднесе оставка

Фатон Ахмети, денеска преку социјалните мрежи се прости од функцијата генерален директор во Фондот за здравствено осигурување. Тој стана директор на Фондот за здравствено осигурување во 2021 г. а неговото директорување ќе се памети по тоа што среде хаварија со системите во ФЗО замина во САД на партиско патување и одби да се врати во земјата.

Advertisements

Тој на социјалните мрежи напиша дека поднел оставка за да се посвети на партијата.

„Својот ангажман ќе го продолжам фокусирајќи се на партиските задачи, со максимална посветеност во реализација на визијата на Али Ахмети“, напиша Фатон Ахмети.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button