
Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција покрена истрага против директорот на Геријатриската болница, Мухсин Арифи, за кривичното дело примање поткуп. Истрага е покрената и за уште едно лице кое помогнало во извршувањето на кривичното дело. Според информациите од Обвинителството, директорот Арифи во периодот од 19.03.2025 до 08.04.2025, неколкупати побарал значителни финансиски придобивки за себе, за задача која бил обврзан да ја изврши. Арифи неколку пати директно побарал пари од сведокот во случајот кој бил давател на доживотна издршка за лицето кое било тешко болно. Кога состојбата се влошила тој им предложил да го продадат станот на болното лице и да му исплатат 100 илјади евра.
Јавно обвинителство:
„По неколку дена, второосомничениот добил повик и закажал состанок со директорот на болницата на 19.03.2025, во доцните часови, во ресторан во Скопје. На состанокот, првосомничениот рекол дека знае дека пациентот е во добра материјална состојба и имал информации за имотот кој го поседувал, со што, ветил негов прием ако му се дадат 100.000 евра. Жената сведок реагирала дека тоа се многу пари, по што директорот предложил дека оваа сума може да се обезбеди од продажбата на станот кој го поседувал пациентот, што не било опција бидејќи станот бил дел од договор за доживотна издршка.
Како што информираат понатаму од Обвинителството, на 3 април повторно имало средба помеѓу сведокот и помагачот, како личност во која директорот имал целосно доверба, додека на 4 април, повторно сведокот се сретнал со двата осомничени.
Јавно обвинителство:
„Било договорено дека сведокот ќе даде 20.000 евра како гаранција за приемот на пациентот во болница, додека ако првоосомничениот „со неговите контроли“ утврди дека пациентот поседува и друга недвижност, таа недвижност да се продаде и да се обезбеди бараната сума од 100.000 евра. Според овој договор, на 08.04.2025, жената сведок се сретнала со второосомничениот, кој влегол во нејзиното возило и во име на директорот ја примил сумата од 20.000 евра, по што на местото на настанот бил фатен од страна на полициските службеници.“
Мухсин Арифи, на чело на Геријатриската болница дошол во јули минатата година, како кадар на Алијансата за Албанците, од крилото на Таравари.
Зекирија Хаџиу