ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Директорот на КИЦ ја симнал таблата на албански јазик

Употребата на албанскиот јазик во државните и јавните институции, иако законски е дефинирано, се користи по желба на директорите. Во рамките на Град Скопје, во Културно-информативниот центар, натписите на албански јазик остануваат отстранети. Раководството се уште молчи.

Advertisements

„Во оваа институција не се почитува Законот за употреба на јазиците, ова се единствените иницијали на албански јазик што останаа, додека директорот со денови не одговара зошто албанскиот му пречи и не го спроведува законот“, Аднан Ќаили, новинар

Од Град Скопје велат дека не се запознаени со неодамнешните постапки на директорот Антонио Димитров. Градоначалничката Данела Арсовска, рече дека никој не ја известил дека директорот поставен од неа, кој е од партијата „Левица“ ги отстранил натписите на албански јазик.

По многубројните реакции во јавноста, иако со задоцнување, Инспекторатот за употреба на јазиците изврши вонреден увид во просториите на КИЦ, за да се констатира фактичката состојба околу спроведувањето на албанскиот јазик во оваа институција.

„Согласно утврдените законски обврски, инспекторите ангажирани од Инспекторатот по извршената контрола му издале на новото раководство на КИЦ, неколку писмени забелешки и оперативни сугестии во однос на почитувањето на законските обврски кои произлегуваат од Законот за употреба на јазиците, нагласувајќи дека тие будно ќе ги следат понатамошните активности на институцијата“,  ИНСПЕКТОРАТ ЗА УПОТРЕБА НА ЈАЗИЦИТЕ

Во случај на непочитување на законските одредби за кои веќе се предупредени, Инспекторатот најавува дека ќе се преземат соодветни мерки за изрекување казна по член 22 од Законот.
Инаку, овој член предвидува глоба во износ од 4.000 до 5.000 евра во денарска противвредност за полесни прекршоци во случај на непочитување на одредбите од овој закон, и глоба во износ од 30% од глобата изречена на службеното лице и одговорно лице на институцијата.

Аднан Ќаили

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button